| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи и Мустафа под истрага на косовската Антикорупциска агенција

kosovo

Косовската Агенција за борба против корупцијата ќе спроведе истрага за имотната состојба на претседателот и премиерот на Косово, Хашим Тачи и Иса Мустафа, јави Танјуг.  Според извори во Агенцијата, на проверка ќе бидат ставени изјавите за имотната сотојба што ги пополниле Тачи и Мустафа при стапувањето на функциите.

Агенцијата исто така ќе изврши и проверка на пријавениот имот на вицепремиерот и министер за правда Хајредин Кучи, како на уште тројца владини претставници, чии имиња не се објавени.

Предмет на проверка на Агенцијата ќе бидат и имотните состојби на други избрани функционери, меѓу кои и неколкумина пратеници, како и градоначалниците на Приштина и Лепосавиќ, Шпенд Ахмети и Драган Јаблановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top