| четврток, 6 декември 2018 |

Францускиот институт во Скопје ги врачи дипломите по француски јазик

Директорката на Францускиот институт во Скопје и Советничка за соработка и културно дејствување во  Амбасадата на Франција, г-ѓа Изабел Марки-Барбо, во свечена пригода ги додели дипломите ДЕЛФ/ДАЛФ на кандидатите кои успешно го положија испитот во февруарската испитна сесија.

Секоја година повеќе од 300 кандидати во Македонија ги полагаат испитите ДЕЛФ/ДАЛФ со кои се стекнуваат со официјални дипломи за познавање на францускиот јазик, доделени од страна на француското Министерство за образование, а кои се признати во целиот свет. Дипломите ДЕЛФ/ДАЛФ се усогласени со јазичните нивоа на Заедничката европска рамка за јазиците и се со доживотна валидност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top