| четврток, 6 декември 2018 |

Србија истражува кој купувал дипломи – 100 докторати предмет на правна експертиза

Околу 100 докторски дипломи од приватните и државните факултети во Србија, кои ги оспори Комисијата за акредитација и проверка на квалитет (КАПК), се предмет на правна експертиза на српски и меѓународни експерти по право, ангажирани од Министерството за образование.

Ова за српската агенција „Танјуг“ го потврди државниот секретар на Министерството за образование, наука и развој Владимир Џамиќ, наведувајќи дека во Министерството се обратиле оштетените професори, доц.професори, асистенти и асистенти, кои го изгубиле правото да бидат предавачи, иако во претходните процеси на акредитација, регуларно ја минувале процедурата за избор на предавачи на факултети и на високите стручни школи и академски студии.

– Тие го изгубија правото поради промената на стандардите на Комисијата за акредитација и проверка на квалитетот .Имајќи ги предвид правните последици од сето ова и евентуалната тужба, ние сме должни да реагираме и да разговараме со членовите на КАПК и Националниот совет за високо образование. Не е важно дали се работи за 500 или 30 случаи, ако тие незаконски останале без работа, тогаш тоа е проблем и затоа сакаме да го решиме, вели Џамбиќ.

Тој потенцира дека станува збор за правна, а не персонална и политичка тема и дека Министерството ги консултирало домашните правни експерти, како и експерти од делегација на ЕУ, од кои во следните 30 дена се очекува да се добие правна експертиза, за да може се да се разјасни и реши во согласност со законските прописи.

– Оние кои се сметаат за оштетени со одлуката на КАПК, се повикуваат на тоа дека одеднаш ги смениле стандарди, со кои се поништуваат претходните одлуки на самата Комисија и токму затоа имаме правна дилема која треба да се реши, вели Џамбиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top