Новинарот на Си – Ен – Ен Фарид Закарија, кој со Путин разговарал за време на минатонеделниот Меѓународен економски форум во Санкт Петербург ја открива тајната на популарноста на Рускиот претседател Владимир Путин.
Закарија смета дека џоќерот во ракавот на Путин е тоа што тој е многу паметен, моќен и знае одлично англиски. Во описот новинарот додава и дека рускиот претседател има поинаков, „посебен поглед на историјата“.
-Тој многу добро зборува англиски, со слаб акцент…Зборувавме и јас му кажав дека треба да размисли некогаш за тоа, барем делумно, да даде интервју на англиски јазик. Тој одговори: “Не, не…Мојот англиски е многу лош”, што всушност не е точно, објаснува новинарот.
Путин дури и правел шеги на англиски јазик. Покрај сето тоа, според мислењето на Закарија, може да се разбере зошто Путин е толку популарен во Русија, открива Закарија.
Западните медиуми ја откриле тајната на популарноста на претседателот Владимир Путин во Русија.
Според новинарот на СИ- ЕН-ЕН Путин е паметен, моќен и има “посебен поглед на историјата”, а добро зборува и англиски јазик.
-Путин ретко зборува за западните медиуми, рекол новинарот, додавајќи дека не се случува често да има шанса да му ги постави своите прашања на рускиот претседател.
-Тој многу добро зборува англиски, со слаб акцент…Зборувавме и јас му кажав дека треба да размисли некогаш за тоа, барем делумно, да даде интервју на англиски јазик. Тој одговори: “Не, не…Мојот англиски е многу лош”, што всушност не е точно”, рекол новинарот на CNN.
Закарија открил дека Путин дури и правел шеги на англиски јазик. Покрај сето тоа, според мислењето на новинарот, може да се разбере зошто Путин е толку популарен во Русија.
-Полн е со самодоверба, многу е паметен, остава впечаток на силен, моќен човек, додал новинарот.
На панелот покрај Путин учествувале и премиерот на Италија Матео Ренци и претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбајев.
Петербуршки меѓународен економски форум бил отворен во четвртокот и траел до саботата. На него учествувале 10.000 луѓе од 60 земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)