Воздушните удари на сириското воено воздухопловство – цели градски квартови буквално се разнесуваат безмилосно, се ова може да се види на новото видео кое го запрепасти светот.
Сириските арапски воздушни сили изведуваат жестоки воздушни удари на позициите на бунтовниците во населбата Дараја, а во последните неколку дена, буквално од мапата биле збришани неколку квартови сместени во приградската населба на главниот град на Сирија, Дамаск.
Повеќето од нападите биле изведени во текот на минатиот викенд, а се чини дека после овие интензивни воздушни напади, ќе тргне во офанзива и копнената војска која ќе има задача да ја врати целосната контрола над населбата.
Според последните инфорамции, наводно воздушните напади започнале откако бунтовниците добиле помош. Се шпекулура дека од хеликоптерите на воздушните сили на сириската армија биле исфрлени 24 барел бомби во текот на минатата сабота, за потоа, веќе во неделата да започнат уште поинтензивни бомбардирања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)