| четврток, 6 декември 2018 |

Христо Петрески и Трајче Кацаров на фестивал во Братислава

Од 20-27 јуни во главниот град Братислава на Република Словачка, ќе се одржи голем Меѓународен книжевен фестивал посветен на реката Дунав. Планирани се научен симпозиум и повеќе литературни настапи посветени на Дунав.

Како гости на Сојузот на писателите на Словачка, од Република Македонија ќе учествуваат и настапат писателите проф.д-р Христо Петрески и м-р Трајче Кацаров. Тие ќе земат учество со свои текстови за реката Дунав во книжевноста, а ќе настапат и со свои нови песни посветени на реката Дунав.

На Меѓународниот книжевен фестивал во Словачка планирано е публикување и на Антологија солитературни творби посветени на Дунав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top