Македонскиот филм „Ослободување на Скопје“, чијшто режисер е хрватскиот актер Раде Шербеџија, во средината на ноември ќе се прикажува на официјалната програма на фестивалот во Братислава, соопштија од продуцентската куќа „Партизанс“.
На истиот фестивал на Шербеџија ќе му биде доделена Награда за инвонредни достигнувања во светската кинематографија.
Филмот е македонски кандидат за наградата „Оскар“ и се прикажува во киното „Милениум“.
Филмот е екранизација на познатиот драмски текст на Душан Јовановиќ, кој заедно со Раде Шербеџија. Главната улога во филмот на игра 11-годишниот Давид Тодосовски (како Зоран), кој дебитира во филмот, а покрај него настапуваат актерите: Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Мико Ноусаинен, Луција Шербеџија, Небојша Глоговац, Петар Мирчевски, Јари Вирман, Дејан Лилиќ, Денис Абдула и Аксел Мехмед.
Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на РМ, од Хрватскиот аудиовизуелен центар, од Филмскиот фонд на Финска и од нивната национална телевизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.