| четврток, 6 декември 2018 |

Во Гази Баба се поставува нова урбана опрема

Општина Гази Баба ги почна активностите за уредување на парковското зеленило и за санирање на старата и поставување нова урбана опрема. Надлежните информираат дека се уредува зеленилото во населбата Железара, клупите се освежени со нова боја и се поставени кошници за отпадоци.

Градоначалникот Тони Трајковски апелира граѓаните да внимаваат на урбаната опрема и да не ја оштетуваат.

Во следниот период овие активности ќе продолжат низ сите населени места во општината, каде што ќе се постават 100 нови клупи и 100 канти за отпадоци. Во акцијата учествува и општинското комунално претпријатие „Гази Баба“, односно вработените ја изработуваат урбаната опрема, а Општината Гази Баба обезбедува материјал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top