Уште осум лица се под истрага за трговија со органи во Косово, обзнани обвинителот на ЕУЛЕКС Џонатан Рател. Тој додаде дека е разочаран поради тоа што Дик Марти не сведочи во случајот „Медикус“.
– Ние сме збунети од одлуката на Советот на Европа да не му го одземе имунитетот, бидејќи Марти изјави дека пронашол докази за трансплантацијата и ние сме разочарани што тој не сведочеше. Тоа беше несреќна околност, изјави Рател по изрекувањето на пресудата за случајот „Медикус“.
Вчера во Приштина беше прогласен за виновен сопственикот на клиниката „Медикус“ заедно со уште четири лица, за трговија со органи и ги осуди на вкупно 20 години затвор. Но, според Рател не е се завршено со пресудата и дека за истиот случај може да бидат покренати обвиненија против уште осум лица. Истрагата против овие лица, кои се во и надвор од Косово почната по негова наредба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации