Мис Велика Британија, Зара Холанд, остана без титулата откако е прикажан нејзиниот интимен однос, кој го имала во реалното шоу „Love Island”.
Манекенката и сопственичка на бутик, беше крунисана со оваа титула во септември минатата година, но нема да ја претставува Велика Британија на овогодинешниот избор. Од денес, нејзините должности ќе ги извршува првата придружничка Деоне Робертсон.
Дирекцијата на изборот објави дека повеќе не можат да ја промовираат Зара како позитивен пример за младите девојки. „Јасно ни е дека сите прават грешки, но Зара како претставничка на Мис Британија не требало тоа да си го дозволи“, велат од дирекцијата и додаваат дека им било тешко да ја донесат оваа одлука.
Инаку, Зара е од семејство које веќе имало една мисица. Имено, нејзината мајка Шерил била крунисана пред 30 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)