| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовни искри на ЕП: Ирски навивачи пееја серенада за згодна Французинка

Вистински хит на интернет е видео кое вчера беше објавено на Фејсбук на кое огромна група на ирски навивачи и пеат серенада на една русокоса, со цел да му помогнат на пријателот да го освои нејзиното срце.

baknez

Иако за видеото нема конкретно објаснување, сепак јасно е дека еден од ирските фанови одлучил да направи сè што е во негова моќ за да ги добие симпатиите од згодната девојка, а во таа намера му помогнаа и неговите верни пријатели.

Толпата ја опкружи русокосата девојка, по што со широки насмевки навивачите ги отпеаја песните „Can’t Take My Eyes Off You“ и „Hey Baby“, па Французинката не можеше да остане рамнодушна на целата претстава.

На видеото снимено со мобилен телефон, се гледа дека среќниот фан го доби посакуваниот бакнеж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top