Заврши првата фаза од натпреварувањето во групата А на ЕП во Франција. Французите се први, Швајцарците на второто место, додека Албанците, со минималната победа над Романија, се трети и имаат шанси за пласман во осминафиналето (останува да чекаат статус на третопласираните репрезентации во другите групи).
Швајцарија и Франција вечерва одиграа нерешено, резултат кој им одговараше на двете репрезентации за пласман во осминафиналето.
Дидие Дешамп одлучи да стартува со изменет состав, како би одморил некои поединци. Мечот против Швајцарија го започна без Паје, Сања, Канте, Матуиди и Жиру, а стартуваа Жале, Кабај, Сисоко и Жињак.
Селекторот на Швајцарија, пак, направи само една поголема измена во однос на првите два натпревари и тоа на напаѓачката позиција, Емболо стартуваше наместо Сеферовиќ.
Французите без Канте, Матуиди и Паје не беа препознатливи на средината од теренот и токму во тој дел Швајцарците успеаа да го држат домаќинот далеку од нивниот гол.
Сепак, главната улога ја превзема Пол Погба, кој беше најистакнат во првите 45 минути. Имаше три одлични шанси, во првите два обиди голманот Зомер беше на вистинското место, додека во третиот пречката го сочува голот на Швајцарците.
Интересен факт е што Швајцарците имаа поголем посед на топка, но освен една посериозна шанса после корнер, не претставуваа опасност кон голот на Лорис.
Во второто полувреме Дешамп се обиде да промени нешто, во 63. минута го извади од игра Коман, кој одигра многу слаба партија, а на негово место влезе Паје. Токму играчот на Вест Хем ја имаше најсериозната шанса за гол во 75. минута од натпреварот, кога Сисоко одлично повлече контра напад по десната страна од својата половина, па се до противничкиот шестнаесетник, упати центар шут на спротивната страна, каде Паје со „топовски“ удар биеше, но повторно само во пречката од голот.
До крајот на мечот немаше други шанси, падна темпото на игра и изгледаше како двете репрезентации да го чекаат крајот.
Швајцарија – Франција 0-0
Конечна табела во група А:
1. Франција 7 бода
2. Швајцарија 5
3. Албанија 3
4. Романија 1
Франција во осминафиналето ќе игра против третопласираната репрезентација од група Ц, Д или Е (тоа може да биде: Полска, Северна Ирска, Хрватска, Чешка, Турција, Белгија, Шведска или Ирска).
Швајцарија во осминафиналето ќе игра против второпласираната репрезентација од група Ц (Полска или Северна Ирска).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)