Ние сме партија која го поддржа и се уште го поддржува Специјалното јавно обвинителство како институција, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Дневникот на „Сител телевизија“.
- Ние мислиме дека тоа е добро што се создаде после сите оние работи што ги направи СДСМ минатата година, бидејќи не сакаме да остане дамка на нашето работење, сакаме и на таков начин да се расчистат работите и засекогаш да се знае кој што правел во овој период. Но, она што се случи во изминатите месеци и што се гледа отворено е дека во овој период луѓето кои што работат во СЈО, пред се самите обвинители или најголемиот дел од нив, на некој начин направија се што можат да застанат на една страна, на страната на СДСМ и да се занимаваат само со една политичка партија и една политичка структура, а тоа е ВМРО- ДПМНЕ, не криејќи го своето партиско поддржување на СДСМ и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Со тоа, додаде Груевски, покажаа еден голем непрофесионализам и излегоа од сите стандарди на своето работење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)