| четврток, 6 декември 2018 |

Со проекција на филмот „Судбина“ заврши 9. Францускиот филмски фестивал

Со проекција на филмот „Судбина“ синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид заврши 9. издание на Францускиот филмски фестивал.

На свечената церемонија за затворање на Фестивалот специјален гостин беше режисерот Кристијан Венсан, на кого му беше врачена наградата „Златна маска“, а присуствуваа и амбасадорката на Франција во Македонија Лоренс Оер и градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески.

francuski_(6)

Режисерот Венсан посочи дека за него претставува голема чест и задоволство што е добитник на ова високо признание.  – Секогаш се трудам преку моите филмови да ја презентирам мојата земја, со цел странската публика подобро да ја запознае, рече Венсан.

Француската амбасадорка Оер истакна дека е горда од досегашните резултати постигнати на Фестивалот и оти во иднина планираат да го организираат во меѓународни рамки.

Фестивалот, според градоначалникот Бакрачески, станал препознатлив белег на нашето културно милје и придонесува за приближување на културите, но и за поголемо разбирање и доверба меѓу македонскиот и францускиот народ.

Во рамките на 9. Фестивал на францускиот филм во Охрид беа прикажани и филмовите „Каприс“ во режија на Емануел Муре и „Три срца“ на режисерот Беноа Жако.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top