| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски приреди Ифтар вечера по повод Рамазан

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вчера вечерта приреди ифтар вечера по повод рамазанските пости.

На традиционалната вечера присуствуваа членови на Владата, министри и други функционери, како и членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и на коалициските партнери кои се од исламска вероисповест.

грујо

Груевски го честиташе големиот муслимански празник и на сите припадници од муслиманската вероисповед им посака многу здравје и успеси, а посака и заедно да се радуваат на, како што рече, наредната победа на изборите.

грујо2

-Ние веќе го направивме ова еден вид традиција, трета година по ред. Секоја година во периодот кога е овој муслимански празник организираме барем по една ифтар вечера. Сакам на сите што сте од муслиманска вероисповед да ви го честитам празникот, да ви посакам многу здравје, здравје и во вашите семејства, на вашите најблиски, да ви посакам хармонија, мир во душата, успеси, среќа и радост во вашите семејства и во вашето опкружување и да се радуваме заедно на наредната победа на изборите, потенцираше Груевски на вчерашната ифтар вечера.

грујо3

Албанците и Македонците муслимани, како и сите останати етникуми го поздравија овој гест на ВМРО-ДПМНЕ за организирање на ифтар вечера кој веќе преминува во традиција.

грујо4

-Овој гест го оценувам како позитивен и се надевам дека ќе продолжи и во иднина истото и другите партии ќе земат пример за оваа работа и тие ќе организираат исто вака ифтар, рече Сеад Солаковски од Лабуништа, Струга.

-Ова најпрво премина во традиција, ова е еден одличен гест од страна на владејачката партија односно на ВМРО-ДПМНЕ и тоа за нас Македонците муслимани претставува не само гест, туку чест, доблес и задоволство кое ни го приредува самата партија бидејќи се грижи за нас, за нашиот нераскинлив дел од македонскиот народ и тоа за мене претставува еден став кој го има партијата кон нас дека ние и Македонците немаме никаква разлика освен религиската припадност. Токму затоа сме тука да го одбележиме овој ден и мислам дека тоа нема никакви препреки, напротив е многу добар чин, потенцираше Ерол Исмаиловски од општина Боговиње.

грујо5

-Овој гест го оценуваме во насока на развивање на она што значи мултиетничко општество, нешто што треба да се негува во рамките на демократските процеси, тоа е добар потег и ние со задоволство, како претставници на Египќаните сме тука и ни претставува огромна чест и во оваа прилика ја поздравувам оваа идеја и ова треба да остане традиција што треба да се негува и почитува, подвлече Демир Далип, претседател на НВО коалиција на Египќаните.

-Многу е добар овој гест и многу сме благодарни. До сега на овие вечери јас сум бил три пати, еднаш во Струга и два пати во Скопје и многу е добро, многу е фино, само така да се продолжи, истакна Имеровски Џамис од село Октиси.

грујо6

Во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека ВМРО-ДПМНЕ е националистичка партија, Македонците муслимани, Албанците и останати етникуми, категорично тврдат дека тоа не е така, туку спротивно- дека ВМРО-ДПМНЕ е една партија која ги сполтува сите религии и националности во едно.

-Воопшто не сметам дека ВМРО-ДПМНЕ е националистичка партија, туку напротив. Тоа се само изговори на некои личности и некои партии, вели Солаковски.

-Категорично тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ не е националистичка партија, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите, за Македонците муслимани и за останатите категории на граѓани, за сите етникуми во државата. Посветува внимание затоа што има добро развиена стратегија и едноставно ВМРО-ДПМНЕ не е националистичка партија, туку напротив таа е една партија која ги сполтува сите религии и националности во едно, како една целина, додава Исмаиловски.

грујо7

-Ние како Египќани секогаш сме партнери на ВМРО-ДПМНЕ и да се каже за национализам во вакви услови кога се негуваат мултинационалниот карактер навистина е нешто нетипично и за нас неприфатливо и сметам дека тоа е повеќе политиканство отколку реалност на една објективна стварност. Мислам дека тоа е во рамките на дневнополитичките активности но ова не треба да се злоупотребува особено во вакви мултикултурни и мултиетнички општества како што е македонското, бидејќи тоа не е во интерес на Македонија, потенцира Далип.

грујо9

-Нема шанси ВМРО-ДПМНЕ да е ниту пак да биде националистичка партија, затоа и ние сме со таа партија, рече Имеровски.

грујо8

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ отворено во изминатиов период ја застапува политиката на инклузивност кон Македонците муслимани, но и припадниците на другите етнички и верски заедници. Во извршниот комитет на партијата освен припадници на Македонците муслимани, за прв пат беше именуван и член од турската етничка заедница, докторката Нермин Теловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top