| четврток, 6 декември 2018 |

Исламска држава со нови закани: Најавува крвав Рамазан

Европските безбедносни служби се подготвуваат за нови терористички напади за време на муслиманскиот свет месец Рамазан, кој почнува утре. Исламска држава ги повика своите следбеници низ светот на “тотална војна“ против “неверниците“ на Запад.

„Муслимански браќа во Европа, вие кои не можете да дојдете во земјата на Исламска држава, нападнете ги во нивните домови, нивните пазари, на нивните улици и нивните форуми“ порача оваа џихадистичка организација во видео-соопштение објавено под насловот „Каде се лавовите на војната?“.

Оправдувајќи го нападот во Манчестер во кој беа убиени 22 лица и поведени над 100, а за кој одговорност презеде Исламска држава, во видеото наведува:

„Немој да го презирате трудот.Ни се допаѓа тоа што целите на невини цивили, затоа тргнете напред и бидете наградени со праведна награда за мачеништво во светиот месец Рамзан“.

Како што пишува британски Телеграф, минатата година ист повик до следбениците да извршат самоубиствени напади за време на Рамазан, испрати портпаролот на Исламска држава Абу Мухамед ал-Аднани, кој во меѓувреме беше убиен. Конечниот крвав резултат од минатогодишниот Рамзан беше 421 жртва и 729 повредени ширум светот.

 

извор:макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top