Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски, по повод муслиманскиот верски празник Рамазан, приреди ифтарска вечера за дипломатскиот кор. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Попоски честитајќи го празникот, во своето обраќање истакнал дека Република Македонија како мултикултурно и мултирелигиско општество, ги негува вредностите на сите вери врз основа на меѓусебно почитување и разбирање.
– Рамазан не потсетува на нашата заедничка одговорност да се однесуваме кон другите како што сакаме тие да се однесуваат кон нас, како и на основните принципи кои ги поврзуваат луѓето од различни вери: копнеж за мир, правда и еднаквост, посочил Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Попоски: За разлика од Македонија, Бугарија си ги заштити своите интереси
-
Попоски: Веруваме дека договорот со Бугарија може да биде подобар без да се наштети никому
-
Никола Попоски: Потребата за договор е наметната од страна на Бугарија (видео)