Грчките позиции и размислувања за спорот за името му ги претставил Коѕиас на Бан Ки-Мун, на нивната денешна средба на која станало збор и за македонско- грчкиот проблем, додека пак генералниот секретар на ОН го пренел неговиот впечаток од неговото искуство во изминатите години, пренесе Канал 5.
Во премиерската палата по средбата со Ципрас, Ки-Мун доби симболичен подарок од грчкиот премиер – елек за спасување или животна алатка за некои луѓе како што рече Ципрас ,изразувајќи надеж дека по договорот ЕУ- Турција повеќе нема да им биде потребен на бегалците. Генералниот секретар на ОН пак малку се збуни и го облече наопаку, но се заблагодари и откри интересен личен детаљ.
-Потребен ми е, морам да кажам дека ми е потребен. Секако, и на многу други им е потребен. Јас лично, не знам да пливам. Ако се најдам на брод, можеби ќе ми треба, изјави Бан Ки-Мун – генерален секретар на ОН.
Бегалскиот проблем, за кој Бан ки Мун рече дека Грција не треба да биде оставена сама, а Ципрас дека тоа е меѓународен и европски предизвик, за кој е потребна солидарност, беше во фокусот на средбата на грчкиот премиер со генералниот секретар на ОН.. Ки-Мун и се заблагодари на Грција за спасувањето на илјадници човечки животи, а Ципрас уште еднаш ги обвини земјите од балканскиот коридор за затворањето на границите.
Се уште чувствувам длабока тага поради смртта на големиот број луѓе во Средоземното море. Мора да соработуваме за да ги заштитиме овие луѓе и да се соочиме со основните причини за ова раселување. Јас продолжувам да барам поголема поделба на оваа одговорност во цела Европа и во светот изјави Бан Ки-Мун – генерален секретар на ОН.
-Денес нашата земја има одговорност да им обезбеди прифатилиште на над 55 илјади бегалци кои се заглавија во нашата земја по едностраната одлука на нашата северна граница и затворањето на границите. Се согласивме со генералниот секретар дека ниту оваа криза, исто како и економската не може да се реши со националистички алатки, со префрлање на тежината на најзагрозените држави и на најзагорзеното населени. Политиката на ксенофобија, на огради и ѕидови, на еднострани одлуки, политиките на враќање назад во морето се спротивни на нашите заеднички принципи , ја поткопуваат иднината на Европа и ја влошуваат кризата, изјава Алексис Ципрас- претседател на владата на Грција.
За бегалскиот проблем, Бан Ки мун вчера разговараше и со грчкиот претседател, а денес се сретна и со шефот на грчката дипломатија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.