Венчавката за која најмногу се пишува, а се уште не се случила, е меѓу српската тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајштајгер.
Најновата информација, која ја пренесуваат германските медиуми, е дека свадбата на двајцата спортисти ќе се случи на 12 јули и дека веќе се испратени поканите, но се чува во тајност.
Исто така, се наведува и дека Ана и Басти побарале од гостите да ги резервираат 11, 12 и 13 јули за нивната венчавка.
Единствено е познато дека гостите ќе мора да се соберат на аеродромот во Минхен на 11 јули, од каде ќе заминат на засега непозната локација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.