| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватите испуштија втора победа, Чесите со реми остануваат во игра (видео)

croatia-czech-euro2016

Одличен натпревар во Сент Етјен, Чесите губеа со 2-0 од Хрватите, но на крајот успеаа да израмнат со голови во 75. и 94. минута од мечот. Исто така ова беше до сега и најефикасниот натпревар на Европското првенство, прв на кој се постигнаа 4 голови.

Избраниците на селекторот Анте Чачиќ денес изгледаа извонредно на теренот, креираа шанси, многу работа имаше за чешката одбрана, но и пропуштија многу шанси, а одличен на голот беше Петр Чех кој секако спречи убедлив пораз на својата репрезентација. На крај Чесите успеаа некако да се вратат во мечот и да останат непоразени.

Натпреварот започна со лесно темпо на двете страни. Хрватите први се заканија во 20. минута, кога Иван Перишиќ, еден од подобрите поединци денес на теренот, не успеа убаво да ја зафати топката која му ја додаде Манџукиќ.

Ракитиќ имаше шанса за погодок во 37. минута, но Чех сјајно интервенираше. Но, на крај сепак се исплатеше притисокот на Хрватите. Перишиќ се најде во одлична соло акција, шутираше од левата страна во спротивниот агол од голот и беше прецизен за водство од 1-0.

До крајот на полувремето Вида имаше шанса да го дуплира водството, но не беше прецизен.

Чесите влегоа малку поангажирано во вториот дел, но повторно беа шокирани во 59. минута. Ја загубија топката на средината од теренот, Брозовиќ го проигра Ракитиќ кој лесно успеа да го совлада Чех за водство од 2-0.

croatia-czech-3-euro2016

Неколку минути подоцна Манџукиќ имаше две солидни шанси, Хрватите изгледаа многу надмоќни на теренот во тие моменти. Сепак, темпото на игра им беше нарушено кога Лука Модриќ мораше да го напушти натпреварот поради повреда. Ковачиќ влезе на негово место, но сепак Хрватска доста изгуби со неиграњето на, најверојтано, нивниот најдобар играч.

croatia-czech-9-euro2016

 

Следуваше еден мирен период на теренот, а тогаш, во 76. минута Чесите успеаа да постигнат гол. Томас Росицки упати центаршут, Шкода беше највисок во скокот и со глава го совлада Субашиќ за намамлување на 1-2.

croatia-czech-4-euro2016

croatia-czech-5-euro2016

 

На трибините навивачите на хрватската репрезентација, популарните „Торцида“, правеа нереди пред самиот крај на мечот, по што судијата Клатенбург мораше да го прекине натпреварот на пет минути.

croatia-czech-2-euro2016

croatia-czech-7-euro2016

croatia-czech-8-euro2016

 

Овој прекин влијаеше негативно на хрватските фудбалери, во продолжението на мечот Чесите стигнаа и до израмнување на резултатот.

croatia-czech-6-euro2016

Вида во својот шестнаесетник играше со рака, судијата досуди пенал, а Томас Нецид биеше прецизно од белата точка за конечни 2-2.

 

Од 21:00 часот се игра вториот дуел од оваа група, помеѓу Шпанија и Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top