Британска пратеничка, Џо Кокс почина попладнево откако беше застрелана со огнено оружје и прободена со нож во инцидентот во нејзината изборна единица.
Според изјавите на сведоците, 41 годишната Џо Кокс, мајка на две деца која во долниот дом на британскиот парламент ја претставува лабуристичката партија била оставена во бесознание од нејзиниот напаѓач. Уште еден маж поминал со полесни повреди во инцидентот. Пратеничката била итно пренесена во болницата во Лидс, каде пред зградата биле поставени и добро вооружени полицајци.
Медиумите пренесоа дека таа е во критична состојба, но неколку часови подоцна, полицијата потврди дека починала од тешките повреди здобиени во нападот.
Полицијата од западен Јоркшир соопшти дека бил уапсен еден 52-годишен маж во близината на Маркет Стрит, во градчето Бирстал.Според информациите на британските медиуми, напаѓачот со три истрели од пиштол ја застрелал пратеничката, еднаш и во нејзиното лице а потоа ја прободел и со нож.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка