| четврток, 6 декември 2018 |

ЕП 2016: Уапсени 323 навивачи, 196 во притвор, 24 депортирани

euro

Француската полиција уапсила вкупно 323 лица од почетокот на Европското првенство во фудбал поради насилства, кражби и оштетување имот, соопшти МВР на Франција.

– Од 323 уапсени луѓе дури 196 се во полициски притвор, осуммина заработиле затворска казна, додека 24 се депортирани – се вели во соопштение.

Франција ја зафати бран тепачки и немири на хилигани во кој учествуваа навивачи од Англија, Русија, Германија, Украина, Словачка… Сѐ почна со голема тепачка меѓу Руси и Англичани во Марсеј како и на стадионот „Велодром“ за време на двете селекции, потоа Германци нападнаа Украинци во Лил, а во истиот град се судрија навивачи Руси и Словаци. Покрај тоа, домашни навивачи се пресметуваа со Турци и со Ирци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top