| четврток, 6 декември 2018 |

Горан Трајков: Се радувам кога „Карнеги хол“ ја има Македонската филхармонија на репертоарот

Во Њу­јорк про­де­фи­ли­ра­ле мно­гу­број­ни ма­ке­дон­ски умет­ни­ци кои ја прет­ста­ву­ва­ле на­ша­та зем­ја, но и ма­ке­дон­ски умет­ни­ци што тво­рат ту­ка, во гра­дот што ни­ко­гаш не спие. Ка­ко кон­зу­лат по­ма­га­ме во се­кој пог­лед ко­га мо­же­ме ко­ри­стеј­ќи ги на­ши­те дип­ло­мат­ски кон­та­кти за да се слуш­не за нив­на­та ра­бо­та на­се­ка­де во све­тот, па и во Њу­јорк, ве­ли Трај­ков­ски.

Го­ран Трај­ков е ге­не­ра­лен кон­зул на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја во САД. Тој е дип­ло­ми­ран по­ли­ти­ко­лог по ме­ѓу­на­род­ни од­но­си и дип­ло­ма­ти­ја, а во мо­мен­тов жи­вее и ра­бо­ти во Њу­јорк, гра­дот што ни­ко­гаш не спие. Со нас про­го­во­ри за ди­на­ми­ка­та на Њу­јорк, за ма­ке­дон­ски­те умет­ни­ци што тво­рат та­му, за прет­ста­ву­ва­ње­то на ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра, кол­ку стран­ци­те ја поз­на­ва­ат ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка, да­ли им се до­па­ѓа…

 

Вие сте вр­ши­тел на долж­ност ге­не­ра­лен кон­зул на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја во Њу­јорк, САД, кој ва­жи, пред сѐ, за град на биз­ни­сот. Што зна­чи да се би­де дип­ло­мат во нај­ди­на­мич­ни­от град на све­тот?

Трај­ков: Да се би­де дип­ло­мат во нај­и­ско­мер­ци­ја­ли­зи­ра­ни­от град на све­тот, ка­де што днев­но гра­ви­ти­ра­ат и по 10 ми­ли­о­ни лу­ѓе, е го­лем пре­диз­вик за еден млад чо­век ка­ко ме­не. Дип­ло­ма­ти­ја­та, се­ка­ко, има сво­ја спе­ци­фи­ка во овој дел од све­тот и нес­пор­но е се­којд­нев­на лек­ци­ја за тоа ка­ко тре­ба да се прет­ста­ву­ва ед­на др­жа­ва. Осо­бе­но за­до­волс­тво ми при­чи­ну­ва­ат кон­зу­лар­ни­те де­но­ви кои ги по­ми­ну­вам со ма­ке­дон­ски­те исе­ле­ни­ци, кои ги има во мно­гу го­лем број на овој дел од кон­ти­нен­тот, по­ма­гај­ќи им за раз­ни пра­ша­ња кои ги по­вр­зу­ва­ат со на­ша­та зем­ја.

Ко­га ја ра­бо­тиш ра­бо­та­та што ја са­каш, ни­што не е те­шко. Ма­ке­до­ни­ја е ма­ла зем­ја, но мно­гу го­ле­ма во спо­ред­ба со тоа кол­ку ну­ди на се­кое по­ле, па за­тоа ние дип­ло­ма­ти­те тре­ба да ја прет­ста­ви­ме во нај­до­бро свет­ло.

 

По­крај кон­зу­лар­на­та ра­бо­та, да­ли сте дел од ор­га­ни­зи­ра­ње на­ста­ни или ма­ни­фе­ста­ции и го­сту­ва­ња во Ма­ке­дон­ски­от кул­ту­рен цен­тар во Њу­јорк?

Трај­ков: Ед­на од це­ли­те на ма­ке­дон­ски­от кон­зу­лат во Њу­јорк е про­мо­ци­ја на ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра и тра­ди­ци­ја во овој дел на САД, но, се­ка­ко, и про­мо­ци­ја на ре­сур­си­те што ги по­се­ду­ва Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Ма­ке­дон­ски­от кул­ту­рен цен­тар е ед­но кул­тур­но кат­че кое во со­ра­бо­тка со Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра им по­ма­га на ма­ке­дон­ски­те авто­ри да се про­мо­ви­ра­ат. Во Цен­та­рот се одр­жу­ва­ат на­ста­ни, а Кон­зу­ла­тот се­ко­гаш по­ма­га во нив­на­та ре­а­ли­за­ци­ја и про­мо­ци­ја. Лич­но го под­др­жу­вам се­кој про­ект и сме­там де­ка е по­ве­ќе од по­тре­бен ва­ков цен­тар, но, исто та­ка, го­ле­ма пред­ност за на­ша­та др­жа­ва е што го по­се­ду­ва во овој ми­ли­он­ски град.

 

Во овој град ра­бо­тат мно­гу ма­ке­дон­ски умет­ни­ци: Ду­ке Бо­ја­џи­ев, Вла­ди­мир Ва­си­лев­ски-Че­ткар, Го­разд По­пов­ски… Да­ли со­ра­бо­ту­ва­те со нив во смис­ла на про­мо­ци­ја на ма­ке­дон­ски­те умет­ни­ци, нив­на­та му­зи­ка, умет­ност?

Трај­ков: При­мар­на­та деј­ност на еден Ге­не­ра­лен кон­зу­лат, пред сѐ, е гри­жа­та за ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни без раз­ли­ка ка­де се на­о­ѓа­ат во све­тот и што ра­бо­тат. Ние ка­ко дип­ло­мат­ско прет­став­ниш­тво во се­кој пог­лед се тру­ди­ме да им по­мог­не­ме на на­ши­те гра­ѓа­ни да ги прет­ста­ват сво­и­те до­стиг­ну­ва­ња и рев­нос­но да го до­не­сат сво­е­то де­ло пред пуб­ли­ка­та. Ме­не ка­ко дип­ло­мат, прет­став­ник пра­тен од на­ша­та зем­ја, осо­бе­на гор­дост и чест ми е ко­га ќе го слуш­нам Че­ткар ка­ко ја поз­дра­ву­ва пуб­ли­ка­та на ма­ке­дон­ски, ка­ко Ду­ке Бо­ја­џи­ев сви­ри во име­то на Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко „Кар­не­ги хол“ ја нај­а­ву­ва Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја ка­ко дел од сво­јот ре­пер­то­ар итн. И не са­мо овие ими­ња, во Њу­јорк про­де­фи­ли­ра­ле мно­гу­број­ни ма­ке­дон­ски умет­ни­ци кои ја прет­ста­ву­ва­ат на­ша­та зем­ја, но и ма­ке­дон­ски умет­ни­ци што тво­рат ту­ка, во гра­дот што ни­ко­гаш не спие. Ка­ко кон­зу­лат по­ма­га­ме во се­кој пог­лед ко­га мо­же­ме ко­ри­стеј­ќи ги на­ши­те дип­ло­мат­ски кон­та­кти за да се слуш­не за нив­на­та ра­бо­та на­се­ка­де во све­тот, па и во Њу­јорк.

 

Кол­ку ја поз­на­ва­ат ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра во САД? Со ог­лед на тоа де­ка ста­ну­ва збор за ма­ла др­жа­ва, да­ли до­вол­но сме при­сут­ни та­му и да­ли тој конг­ло­ме­рат од на­ро­ди што жи­ве­ат во САД има­ат мож­ност да се за­поз­на­ат со на­ша­та умет­ност, му­зи­ка, ли­те­ра­ту­ра?

Трај­ков: По­ве­ќе па­ти сум се из­не­на­дил кол­ку стран­ци­те, осо­бе­но дип­ло­ма­ти­те со кои че­сто се дру­жи­ме и при­ват­но, ја поз­на­ва­ат ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра. Не са­мо прет­став­ни­ци­те на зем­ји­те од Бал­ка­нот, ту­ку и по­ши­ро­ко. Не­о­дам­на, на ед­но не­фор­мал­но дру­же­ње со мои ко­ле­ги-дип­ло­ма­ти, во еден клуб во Њу­јорк, гру­па­та што сви­ре­ше ве­чер­та ка­ко дел од сво­јот ре­пер­то­ар ја има­ше и ан­то­ло­ги­ска­та „Ма­ке­дон­ско де­вој­че“. Гру­па­та се ви­ка „Ор­на­ма­тик“, Аме­ри­кан­ци што сви­рат бал­кан­ска му­зи­ка, а од не­о­дам­на, со учес­тво на по­го­ле­ми на­ста­ни, член е и ма­ке­дон­ски­от му­зи­чар Ри­сте Тев­до­ски, па ре­пер­то­а­рот во де­лот на ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка е збо­га­тен за уште не­кол­ку ма­ке­дон­ски пес­ни.

 

Се ор­га­ни­зи­ра­ат де­но­ви на ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра во по­ве­ќе др­жа­ви во Евро­па, па и во САД, Ав­стра­ли­ја, Ка­на­да, го­сту­ва­ат кул­тур­но-умет­нич­ки друш­тва, кон­цер­ти­ра­ат Фил­хар­мо­ни­ја, фолк-пе­ја­чи… Кој би бил, спо­ред Вас, нај­пра­вил­ни­от на­чин на прет­ста­ву­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра во странс­тво?

Трај­ков: Ма­ке­дон­ска­та тра­ди­ци­ја и кул­ту­ра, гле­да­но исто­ри­ски, те­жат мно­гу по­ве­ќе од исто­ри­ја­та и кул­ту­ра­та на со­сед­ни­те на­ро­ди на на­ша­та др­жа­ва. За­да­ча­та да ја прет­ста­виш сво­ја­та кул­ту­ра нај­до­бро што мо­жеш во ед­но мул­ти­кул­тур­но оп­штес­тво ка­кво што е САД е мно­гу комп­лекс­на. Тоа по­драз­би­ра на­о­ѓа­ње нај­до­бар на­чин за т.н. про­би­ва­ње во ми­ли­он­ски­от не­до­број­лив свет. Тоа што го пра­ви ма­ке­дон­ска­та вла­да пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни со про­мо­ци­ја на рек­лам­ни спо­то­ви на свет­ски­те мас-ме­ди­у­ми, ни ја олес­ну­ва до­пол­ни­тел­но ра­бо­та­та нам, дип­ло­ма­ти­те, во прет­ста­ву­ва­ње­то на сво­ја­та зем­ја. За Охрид слуш­на­ле мно­гу­ми­на, за Ко­ки­но ин­те­ре­сот е го­лем, за Хе­рак­ле­ја и за Сто­би се ин­те­ре­си­ра­ат тие што се фо­ку­си­ра­ат на по­се­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја од ас­пект на исто­ри­ски ло­ка­ли­те­ти итн. Горд сум што мо­жам да прет­ста­ву­вам зем­ја ко­ја има дла­бо­ка кул­ту­ра и тра­ди­ци­ја, а со таа те­жи­на оста­ну­ва да се од­бе­ре нај­до­бри­от на­чин за се­којд­нев­но да се над­гра­ду­ва тоа. Спо­ред ме­не, Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е на до­бар пат во тоа што го из­бра­ла за на­чин ка­ко да се прет­ста­ви, а јас лич­но на тоа би до­дал уште по­а­гре­сив­на ме­ди­ум­ска кам­па­ња по при­ме­рот на Ита­ли­ја, Обе­ди­не­ти­те Арап­ски Еми­ра­ти, Ав­стра­ли­ја (нај­до­бра мар­ке­тин­шка кам­па­ња за 2015 го­ди­на) или про­гре­сив­на­та кам­па­ња на Есто­ни­ја на со­ци­јал­ни­те мре­жи: Фејс­бук, Ин­ста­грам, Снеп­чет и сл. Под­др­жу­вам уште по­го­лем бу­џет за про­мо­ви­ра­ње на Ма­ке­до­ни­ја. Ние сме зем­ја ко­ја ре­ал­но има што да по­ну­ди, без при­тоа да рас­ка­жу­ва­ме из­мис­ле­ни при­каз­ни. Ма­ке­до­ни­ја го има се­то она што ѝ е по­треб­но на ед­на зем­ја за да се прет­ста­ви ме­ѓу­на­род­но, да прив­ле­че ту­ри­сти да ја по­се­тат, а до­каз за тоа се и по­се­ти­те на стран­ски­те ту­ри­сти чиј­што број пос­лед­ни­те пет го­ди­ни вр­тог­ла­во рас­те.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top