Преживеаните по крвавиот напад на Омар Матин во клубот за хомосексуалци „Пулс“ во Орландо, на прес-конференција одржана во болницата каде што се сместени, сведочеа пред новинарите за хоророт што го преживеале.
Дваесетгодишната Пејшенс Картер, во клубот била со уште две другарки. Нејзината 18-годишна другарка Акира Мареј е меѓу 49 убиени.
– Беше два часот по полноќ кога ги чувме првите истрели. Мислевме дека газдите на тој начин сакаат што побрзо да ги избркаат посетителите од клубот или дека диџејот намерно го прави тоа на миксетата. Не ни помислив дека ова е вистина – вели таа.
Рефлексно легнала на подот и почнала да ползи кон излезот, а ѝ се придружила и Мареј. Надвор сфатиле дека нивната трета другарка Тијара Паркер не успеала да излезе.
Се вратиле да ја побараат и трите се сокриле во тоалетот. Кога напаѓачот влегол таму, прашал дали внатре има црномурни луѓе.
– Јас не бев во состојба да одговорам, но некој друг кажа. Тој рече дена нема проблем со црномурните, бидејќи тие веќе многу имаат страдано – раскажа таа.
Во несреќен сплет на околности, нејзината пријателка подоцна е погодена во ногата, по што им подлегнала на повредите. Картер вели дека никогаш нема да си прости што се вратиле повторно внатре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.