Десетмесечната врска на Кејти Пери и Орландо Блум е завршена, пренесоа денеска светските медиуми.
Поп-пејачаката и актерот решиле да стават точка на својата романса и да тргнат секој по свој пат, а извор близок до двојката изјавил: „Кратко по Ноќта на вештерките, Орландо на пријателите им признал дека решил да ја раскине врската со пејачката. Рекол дека не е подготвен да се ожени и да основа семејство, што е голема желба на Кејти.
Меѓутоа други извори велат дека Кејти е таа што ја завршила врската, бидејќи таа и Блум се оддалечиле.
Таа рекла дека потполно се различни и иако многу ѝ се допаѓал, било време да продолжи понатаму.
Орландо беше во брак со Миранда Кер, со која го има синот Флин, додека Пери претходно беше во брак со актерот Расел Брендом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.