| четврток, 6 декември 2018 |

Нандо де Коло ќе игра за ЦСКА Москва и во следните три години

nando de kolo

ЦСКА Москва продолжува да го формира костурот на екипата со која наредната сезона ќе ја брани седмата круна во Евролигата. По продолжувањето на соработката со тренерот Димитрис Итудис, раководството на рускиот шампион одлучи да им понуди нови договори на уште три од своите досегашни играчи. Прво Иван Лазарев доби нов догово (една плус две години), потоа капитенот Викторн Хрјапа стави потпис на уште една сезона, а денес клубот потврди дека Нандо де Коло ќе остане уште три сезони во московскиот клуб.

– Многу сум среќен што ќе продолжам да играм за ЦСКА. Ова беше рпелесна одлука. Се вратив во Европа за да играм, да ги искористам понудените опции и да сносам повеќе одговорност на паркетот. Тоа и го направив токму овде. Оваа година имавме фантастична сезона и ова е тоа што сакам да продолжам да го правам – да играм за најдобриот клуб во Европа и да бидам еден од лидерите. Тоа ми е најважно, проади тоа и потпишав за ЦСКА – истакна Французинот кој беше прогласен за најкорисен играч на фајналфор турнирот во Евролигата.

nando de kolo 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top