Актуелниот првак на Копа Америка, селекцијата на Чиле, се пласира во четвртфиналето на турнирот што се одржува во САД, откако ја совлада Панама со 4-2. Во нокаут фазата, Чилеанците ќе ги одмерат силите со Мексико.
Алексис Санчез и Едуардо Варгас постигнаа по два гола за Чиле на овој меч и го одведоа до победа, иако Панама прва поведе преку Камарго.
Аргентина со 3-0 беше подобра од Боливија и во четвртфиналето ќе игра против Венецуела. Ерик Ламела го отвори резултатот за „гаучосите“, Лавеци зголеми на 2-0, а стоперот Куеста го постигна третиот погодок за Аргентина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)