| четврток, 6 декември 2018 |

Урнат уште еден рекорд на ЕП, Габор Кирали е најстариот играч во историјата

gabor kirali

Откако беше јасно дека унгарскиот селектор Бернд Сторк во првиот состав на денешниот натпревар од првото коло на Европското првенство во Франција ќе го стави Габор Кирали, тоа значеше уривање на уште еден рекорд.

Ветеранот во редовите на Унгарците голманот Кирали влезе во историјата како најстар играч што настапил на еден натпревар од европските првенства.

Искусниот унгарски голман забележа настап на ЕП на возраст од 40 години, два месеци и 14 дена. Претходно, рекордер во оваа категорија беше Германецот Лотар Матеус, кој настапи на ЕВРО 2000 на возраст од 39 години и 91 ден.

Во текот на вчерашниот ден шанса да влезе во историјата имаше Шеј Гивен, но ирскиот ветеран го проследи од клупата натпреварот против Шведска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top