| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Новотни: На се­кои три се­кун­ди ед­но ли­це во све­тот за­бо­лу­ва од Алц­хај­ме­ро­ва бо­лест

Алц­хај­ме­ро­ва­та бо­лест е че­твр­та­та во­деч­ка при­чи­на за смрт­ност во све­тот по­ра­ди ко­ја го­диш­но уми­ра­ат по­ве­ќе лу­ѓе откол­ку од кар­ци­ном на дој­ка и про­ста­та за­ед­но. Про­сеч­но­то пре­жи­ву­ва­ње е око­лу 8 до 10 го­ди­ни, те­шки го­ди­ни, ка­ко за бол­ни­от, та­ка и за не­го­ви­те најб­ли­ски

Во Ма­ке­до­ни­ја не­ма ре­ги­стар на за­бо­ле­ни па­ци­ен­ти од Алц­хај­ме­ро­ва бо­лест. Спо­ред свет­ска­та ста­ти­сти­ка и бро­јот на ста­ро на­се­ле­ние кај нас, во Ма­ке­до­ни­ја би тре­ба­ло да има нај­мал­ку 20 ил­ја­ди за­бо­ле­ни од Алц­хај­ме­ро­ва де­мен­ци­ја, а по­мал­ку од 10 про­цен­ти се прег­ле­да­ни, ди­јаг­но­сти­ци­ра­ни и со со­од­ве­тен трет­ман, ве­ли аси­стент д-р Га­бри­е­ла Но­вот­ни, спе­ци­ја­лист не­вро­лог на Уни­вер­зи­тет­ска­та кли­ни­ка за не­вро­ло­ги­ја. По­стои мит де­ка таа е те­шка, но не е смр­то­нос­на ка­ко не­кои дру­ги бо­ле­сти. Алц­хај­ме­ро­ва­та бо­лест е мош­не таж­на бо­лест. Не де­ка има бо­лест ко­ја не е таж­на, но таа е единс­тве­на­та што по­ле­ка го кра­де бу­квал­но се­то тоа што сте го на­у­чи­ле во жи­во­тот, си­те ва­ши спо­ме­ни, се­ќа­ва­ња од уба­ви и по­мал­ку уба­ви на­ста­ни, си­те ве­шти­ни што ма­ко­трп­но сте ги стек­на­ле низ жи­во­тот, за на крај да ви ги од­зе­ме и ва­ши­те де­ца, со­пруж­ни­ци. Во на­пред­ни­от ста­ди­ум на бо­ле­ста, по­треб­на е 24-ча­сов­на гри­жа, а не­гу­ва­те­ли­те, нај­че­сто со­пруж­ни­ци­те и де­ца­та, се рас­трг­на­ти ме­ѓу гри­жа­та за са­ка­ни­от и се­којд­нев­ни­те ра­бот­ни и се­меј­ни об­вр­ски. Кај нас, се­мејс­тва­та се оста­ве­ни са­ми на се­бе да се спра­ву­ва­ат со бо­ле­ста, без да има­ат фи­нан­си­ска под­др­шка или под­др­шка од раз­лич­ни сер­ви­си, днев­ни цен­три и до­маш­ни по­се­ти од струч­ни ли­ца. Со ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње на бо­ле­ста во ра­ни­от ста­ди­ум и на­вре­ме­но поч­ну­ва­ње со трет­ман, мо­же­ме да вли­ја­е­ме на по­до­бру­ва­ње на ква­ли­те­тот на жи­вот и по­дол­го одр­жу­ва­ње на са­мо­стој­но­ста. За­бо­ра­ва­ње­то не е дел од нор­мал­но­то ста­ре­е­ње, ве­ли д-р Но­вот­ни.

Кои се при­чи­ни­те за по­ја­ва на де­мен­ци­ја?

НО­ВОТ­НИ: Ко­га збо­ру­ва­ме за де­мен­ци­ја, не мис­ли­ме на ед­на единс­тве­на бо­лест. Тоа е ка­ко под ист по­крив да сме­сти­ме по­ве­ќе со­стој­би и бо­ле­сти, кои има­ат раз­лич­ни при­чи­ни за на­ста­ну­ва­ње, но она што им е за­ед­нич­ко е кли­нич­ка­та ма­ни­фе­ста­ци­ја. Тоа, пред сѐ, се проб­ле­ми со пом­не­ње­то, мис­ле­ње­то, сфа­ќа­ње­то, рас­у­ду­ва­ње­то, спо­соб­но­ста за до­не­су­ва­ње од­лу­ки. Ток­му ед­на од глав­ни­те за­да­чи на до­кто­ри­те, не­вро­ло­зи и пси­хи­ја­три, е да ја пре­поз­на­ат и раз­ли­ку­ва­ат ре­вер­зи­бил­на­та од ире­вер­зи­бил­на­та де­мен­ции би­деј­ќи кај пр­ва­та мо­же­ме да вли­ја­е­ме те­ра­пи­ски и де­мент­на­та сли­ка со­се­ма да се пов­ле­че. Та­ка, на при­мер, ед­но на­ру­шу­ва­ње на функ­ци­ја­та на ти­ро­ид­на­та жлез­да или не­до­стиг од ви­та­мин B12 мо­же да да­де сли­ка на де­мен­ци­ја, но по со­од­вет­на те­ра­пи­ја си­те симп­то­ми ис­чез­ну­ва­ат, за раз­ли­ка, пак, од дру­ги­те т.н. ире­вер­зи­бил­ни де­мен­ции кои со те­кот на вре­ме­то на­пре­ду­ва­ат, а ме­ди­ци­на­та на 21. век сѐ уште не ну­ди те­ра­пи­ја ко­ја мо­же да ги из­ле­ку­ва. Ту­ка спа­ѓа Алц­хај­ме­ро­ва­та бо­лест, чи­е­што на­ста­ну­ва­ње се об­јас­ну­ва со мош­не сло­же­на ин­те­рак­ци­ја на ге­нет­ски фа­кто­ри, фа­кто­ри од сре­ди­на­та и фа­кто­ри асо­ци­ра­ни со сти­лот на жи­ве­е­ње, а вед­наш по неа по за­ста­пе­ност е ва­ску­лар­на­та де­мен­ци­ја, ко­ја, пак, на­ста­ну­ва по­ра­ди на­ру­ше­на крв­на цир­ку­ла­ци­ја во мо­зоч­но­то тки­во. Раз­лич­ни при­чи­ни мо­же да до­ве­дат до на­ру­шу­ва­ње на мо­зоч­на­та функ­ци­ја, што, пак, да­ва слич­на кли­нич­ка сли­ка.

Ко­ја е раз­ли­ка­та ме­ѓу де­мен­ци­ја и Алц­хај­ме­ро­ва бо­лест? Да­ли не­кој што има де­мен­ци­ја зна­чи де­ка е бо­лен од Алц­хај­ме­ро­ва бо­лест?

НО­ВОТ­НИ: Еден од ми­то­ви­те за Алц­хај­ме­ро­ва­та бо­лест е со­др­жан ток­му во ва­ше­то пра­ша­ње, а тоа е де­ка де­мен­ци­ја е исто што и Алц­хај­ме­ро­ва бо­лест, па че­сто се ко­ри­стат ка­ко си­но­ни­ми. Алц­хај­ме­ро­ва­та бо­лест е нај­че­сти­от вид де­мен­ци­ја, на ко­ја от­па­ѓа­ат око­лу 70 про­цен­ти од си­те де­мен­ции, што мо­же да пос­лу­жи ка­ко не­о­прав­да­но об­јас­ну­ва­ње зо­што овој мит оп­сто­ју­ва. Прес­ме­тки­те ука­жу­ва­ат на епи­де­ми­ски по­раст на бро­јот на за­бо­ле­ни во све­тот, па та­ка де­нес има око­лу 47 ми­ли­о­ни за­бо­ле­ни од Алц­хај­ме­ро­ва бо­лест, а до 2050 го­ди­на оваа број­ка ќе до­стиг­не ду­ри 135 ми­ли­о­ни за­бо­ле­ни во све­тот. Или уште поп­ла­стич­но ка­жа­но, на се­кои три се­кун­ди, има еден нов за­бо­лен од Алц­хај­ме­ро­ва бо­лест за­ра­ди што се на­ре­ку­ва епи­де­ми­ја на 21 век.

d-r Novotni

Прес­ме­тки­те ука­жу­ва­ат на епи­де­ми­ски по­раст на бро­јот на за­бо­ле­ни во све­тот, па та­ка де­нес има око­лу 47 ми­ли­о­ни за­бо­ле­ни од Алц­хај­ме­ро­ва бо­лест, а до 2050 го­ди­на оваа број­ка ќе до­стиг­не ду­ри 135 ми­ли­о­ни за­бо­ле­ни во све­тот

Ка­ко се пре­поз­на­ва и кои се симп­то­ми­те на Алц­хај­ме­ро­ва­та де­мен­ци­ја?

НО­ВОТ­НИ: Алц­хај­ме­ро­ва­та бо­лест сво­јот раз­вој, ти­вко и под­мол­но, го поч­ну­ва два­е­се­ти­на го­ди­ни пред да се ја­ват пр­ви­те симп­то­ми и зна­ци, а по­тоа од кли­нич­ка­та ма­ни­фе­ста­ци­ја, па сѐ до пр­ви­от прег­лед кај не­вро­лог или пси­хи­ја­тар по­ми­ну­ва­ат по­ве­ќе го­ди­ни и ние па­ци­ен­ти­те ги гле­да­ме во на­пред­ни­от ста­ди­ум на бо­ле­ста, ко­га ми­ли­о­ни нерв­ни кле­тки  се за­гу­бе­ни за­се­ко­гаш. Нај­пре­поз­нат­лив бе­лег на бо­ле­ста се проб­ле­ми со пом­не­ње­то, и тоа на по­че­то­кот за ско­раш­ни на­ста­ни, ка­ко, на при­мер, што по­ја­ду­ва­ле, со ко­го се срет­на­ле, за­бо­ра­ва­ње ими­ња при за­поз­на­ва­ње, а ка­ко бо­ле­ста на­пре­ду­ва и за­бо­ра­ва­ње и не­пре­поз­на­ва­ње на сопс­тве­ни­те де­ца и со­пруж­ни­ци. Еден од нај­за­ста­пе­ни­те ми­то­ви про­тив кој си­те ние актив­но се бо­ри­ме е де­ка за­бо­ра­ва­ње­то е дел од нор­мал­но­то ста­ре­е­ње. На си­те ни се слу­чу­ва по­вре­ме­но да за­бо­ра­ви­ме, но тоа нај­че­сто е по­ра­ди рас­е­а­ност. Ста­ри­те лу­ѓе по­че­сто за­бо­ра­ва­ат, но тоа не го по­пре­чу­ва нив­но­то се­којд­нев­но функ­ци­о­ни­ра­ње, што не е слу­чај кај Алц­хај­ме­ро­ва­та бо­лест. По­треб­ни се ра­на ди­јаг­но­за и на­вре­мен со­од­ве­тен трет­ман. Ка­ко што ми­ну­ва вре­ме­то кли­нич­ка­та сли­ка се збо­га­ту­ва ка­ко мо­за­ик, за сме­тка на мо­зоч­ни­те функ­ции кои оси­ро­ма­шу­ва­ат и ед­на по ед­на згас­ну­ва­ат. Не­мож­но­ста да се ори­ен­ти­ра­ат во про­стор, а по­тоа и во вре­ме (не зна­ат ко­ја го­ди­на е, кое го­диш­но вре­ме), ста­ва­ње­то пред­ме­ти на не­во­о­би­ча­е­ни ме­ста, ка­ко, на при­мер, хра­на во пла­кар, отеж­на­то про­на­о­ѓа­ње на со­од­вет­ни­те збо­ро­ви (че­сто ко­ри­сте­ње на збо­ро­ви ка­ко тоа, ова, та­му), те­шко­тии при до­не­су­ва­ње од­лу­ки и рас­у­ду­ва­ње, про­ме­ни во рас­по­ло­же­ни­е­то и во спи­е­ње­то, си­те овие симп­то­ми и зна­ци со го­ди­ни­те се ни­жат и ја да­ва­ат го­ле­ма­та сли­ка на­ре­че­на Алц­хај­ме­ро­ва бо­лест. На по­че­то­кот на бо­ле­ста па­ци­ен­ти­те се свес­ни и кри­тич­ни за тоа што им се слу­чу­ва и мо­же да ста­нат де­пре­сив­ни, апа­тич­ни, да из­бег­ну­ва­ат дру­же­ње и со­ци­ја­ли­за­ци­ја. Во на­пред­на­ти­от ста­ди­ум, па­ци­ен­ти­те се вр­за­ни за по­сте­ла, без спо­соб­ност за из­вр­шу­ва­ње и на нај­ос­нов­ни­те функ­ции, ка­ко хра­не­ње, збо­ру­ва­ње, одр­жу­ва­ње хи­ги­е­на, об­ле­ку­ва­ње.

Да­ли од Алц­хај­ме­ро­ва бо­лест стра­да­ат са­мо по­во­зрас­ни или мо­же да за­бо­лат и пом­ла­ди? Кој е најм­ла­ди­от па­ци­ент со кој вие сте се срет­на­ле во Ва­ша­та пра­кти­ка?

НО­ВОТ­НИ: По­сто­јат две фор­ми на Алц­хај­ме­ро­ва­та бо­лест, и тоа со ран по­че­ток, ко­ја се ја­ву­ва пред 65-го­диш­на во­зраст, и со до­цен по­че­ток, над 65 го­ди­ни. Алц­хај­ме­ро­ва­та бо­лест со ран по­че­ток е по­ре­тка, на неа от­па­ѓа­ат са­мо 5-10 про­цен­ти од си­те слу­чаи, уште се на­ре­ку­ва и фа­ми­ли­јар­на по­ра­ди тоа што нас­ле­ду­ва­ње­то му­та­ци­ја на еден од три­те ге­ни од ро­ди­те­лот (ге­нот за ами­ло­ид пре­кур­зор про­те­ин, пре­се­ни­лин 1 и 2) зна­чи и нас­ле­ду­ва­ње на бо­ле­ста. Дру­га­та фор­ма на бо­ле­ста, со до­цен по­че­ток, е нај­че­ста­та фор­ма, кај ко­ја ге­нет­ски­от фа­ктор (АPOE ге­но­ти­пот) е во сло­же­на ин­те­рак­ци­ја со фа­кто­ри­те од сре­ди­на­та, сте­пе­нот на еду­ка­ци­ја, прет­ход­ни стресoви, де­пре­си­ја, из­бо­рот на жи­во­тен стил и си­те ва­ску­лар­ни фа­кто­ри на ри­зик. Имам по­ве­ќе па­ци­ен­ти што се на по­че­то­кот на ше­ста­та де­це­ни­ја од жи­во­тот, а најм­ла­ди­от па­ци­ент кај ко­го сум ја ди­јаг­но­сти­ци­ра­ла бо­ле­ста има 49 го­ди­ни.

По­стои ли мож­ност за пре­вен­ци­ја?

НО­ВОТ­НИ: Ко­га збо­ру­ва­ме за Алц­хај­ме­ро­ва­та бо­лест со до­цен по­че­ток, од­нос­но нај­че­ста­та фор­ма на бо­ле­ста, ге­нет­ски­от фа­ктор е са­мо дел од пеј­за­жот во кој на сло­жен на­чин се ис­преп­ле­ту­ва­ат мно­гу ин­кри­ми­ни­ра­ни фа­кто­ри за раз­во­јот на бо­ле­ста.  Не­вро­на­у­ка­та сѐ уште тра­га по точ­ни­те ме­ха­низ­ми кои би об­јас­ни­ле зо­што ед­но­став­но еден за­бо­лу­ва, а друг не. Ге­ни­те ги нас­ле­ду­ва­ме и на нив не мо­же­ме да вли­ја­е­ме, но по­сто­јат фа­кто­ри на кои актив­но мо­же­ме да вли­ја­е­ме, и со тоа бит­но да го на­ма­ли­ме ри­зи­кот за по­ја­ва на Алц­хај­ме­ро­ва­та бо­лест. Си­те ва­ску­лар­ни фа­кто­ри на ри­зик, де­бе­ли­на­та, ше­ќер­на­та бо­лест, не­ре­гу­ли­ра­ни­от ви­сок кр­вен при­ти­сок, зго­ле­ме­но­то ни­во на мас­но­тии во кр­вта, на­ма­ле­на­та фи­зич­ка актив­ност, ис­хра­на­та бо­га­та со за­си­те­ни мас­ни ки­се­ли­ни, пу­ше­ње­то ци­га­ри, се ри­зик и за раз­вој на Алц­хај­ме­ро­ва бо­лест. Кон­су­ми­ра­ње­то ба­лан­си­ра­на ме­ди­те­ран­ска ис­хра­на, ко­ја на­ше­то под­неб­је ни ја сер­ви­ра на тр­пе­за­та, пра­кти­ку­ва­ње­то ре­дов­на фи­зич­ка актив­ност, но и мен­тал­на актив­ност, ка­ко изу­чу­ва­ње нов ја­зик во тре­та до­ба, чи­та­ње кни­ги, ре­ша­ва­ње кр­стоз­бо­ри, ре­де­ње сло­жу­вал­ки и, се­ка­ко, до­кол­ку е по­треб­но ме­ди­ка­мен­тоз­но ре­гу­ли­ра­ње на ни­во­а­та на ше­ќер и мас­но­тии во кр­вта и на крв­ни­от при­ти­сок, нѐ но­си ска­ли­ло по­да­ле­ку од Алц­хај­ме­ро­ва­та бо­лест.

d-r novotni2

Да­ли се ле­ку­ва Алц­хај­ме­ро­ва­та де­мен­ци­ја?

НО­ВОТ­НИ: По из­ми­на­ти 110 го­ди­ни отко­га Алојз Алц­хај­мер ја опи­шал бо­ле­ста, за жал се уште, на пра­гот на 21 век, не по­стои лек кој мо­же да ја спре­чи про­гре­си­ја­та и да ја  из­ле­ку­ва. Во све­тот се одо­бре­ни за трет­ман две гру­пи ле­ко­ви, а до­стап­ни се и кај нас, и тоа хо­ли­не­сте­раз­ни­те ин­хи­би­то­ри, кај нас е до­ста­пен „до­не­пе­зил“, и НМДА ре­цеп­тор ан­та­го­ни­стот „ме­ман­ти­не“. Трет­ма­нот со спом­на­ти­те ле­ко­ви им овоз­мо­жу­ва на па­ци­ен­ти­те по­до­бар ква­ли­тет на жи­вот, по­дол­го одр­жу­ва­ње на са­мо­стој­но­ста при се­којд­нев­но­то функ­ци­о­ни­ра­ње и го од­ло­жу­ва сме­сту­ва­ње­то во до­мо­ви за не­га. Глав­на­та при­чи­на за изо­ста­но­кот на те­ра­пи­ски ус­пех е ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње на бо­ле­ста во од­ми­нат ста­ди­ум, ко­га про­це­сот на не­вро­де­ге­не­ра­ци­ја е на­пред­нат, а изу­мре­ни­те нерв­ни кле­тки ши­ро­ко­рас­про­стра­не­ти во мо­зоч­но­то тки­во. Ток­му за­тоа тен­ден­ци­ја­та се­ка­де во све­тот, а и кај нас, е што по­ра­но ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње на бо­ле­ста, уште во ста­ди­у­мот на бла­го ког­ни­тив­но рас­тројс­тво и на­вре­ме­но поч­ну­ва­ње со трет­ман. По­крај фар­ма­ко­ло­шки­от трет­ман, се пре­по­ра­чу­ва и не­фар­ма­ко­ло­шки трет­ман – те­ра­пи­ја со му­зи­ка, сли­ка­ње, мул­ти­сен­зор­на сти­му­ла­ци­ја, кои вли­ја­ат сми­ру­вач­ки на па­ци­ен­ти­те, прет­ста­ву­ва­ат нов на­чин на ко­му­ни­ка­ци­ја, ги зго­ле­му­ва­ат са­мо­до­вер­ба­та и за­до­волс­тво­то кај па­ци­ен­ти­те.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top