| четврток, 6 декември 2018 |

Гризман: Бекам е мојот идол од детството

antoan grizman

Напаѓачот на француската репрезентација, Антоан Гризман го откри својот идол од детството поради кој, како што вели, почнал да игра фудбал.

– Дејвид Бекам е мој голем идол од детството. Тој е единствениот заслужен затоа што играм фудбал. Тој беше господин на теренот, и јас се надевам дека ќе бидам барем приближно како него. Жал ми е што немав можност да заиграм заедно со него – вели Гризман, кој по одличната сезона за Атлетико Мадрид, сега е со стандардно место во првиот тим на Франција на ЕП.

Гризман дополнува дека и дресот со број седум го носи само поради поранешниот репрезентативец на Англија.

– Поради него ја зедов и седумката, и се надевам дека ќе ја оправдам. Секој ден гледам некои од неговите најдобри потези, и се обидувам да го копирам. Сепак, еден е Дејвид Бекам – искрен е Гризман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top