Екипата на Кливленд успеа да ја расипе забавата за шампионскиот прстен на Голден стејт откако синоќа на гостински терен славеа со 112-97 и намалија на 2-3 во победи во финалето на НБА лигата.
Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг одиграа неверојатен натпревар откако и двајцата постигнаа по 41 поен, што е прв пат во историјата на лигата, двајца играчи да постигнат повеќе од 40 поени во еден натпревар од финалето. Тие успеаја да го одложат крунисувањет на Вориорс за старо-нови шампиони.
Џејмс покрај поените имаше и 16 скокови и седум асистенции, додека двоцифрен ефект кај Кливленд имаше и Џеј Ар Смит, кој постигна 10 поени.
На другата страна Клеј Томсон постигна 37 поени, а Стеф Кари 25 поени, додека Андре Игудала реализираше дабл-дабл ефект од 16 поени, 11 скока и шест асистенции.
Серијата сега се сели во Кливленд, а натпреварот се игра во петок рано наутро од три часот по македонско време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)