| четврток, 6 декември 2018 |

Дводневен саем на мали бизниси во „Јавна соба“: Пробајте ги автентичните вина, суџук, кашкавал…

Утре, (среда, 15. јуни), во центарот „Јавна Соба“ во 12 часот започнува саемот на мали бизниси од Североисточниот регион на Македонија (Куманово, Кратово, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Липково и Ранковце) кои ќе изложуваат и продаваат нови производи карактеристични за регионот – автентични локални вина, суџук, сирења, кашкавали, мед, тестенини, зачини, накит и облека, и туристички дестинации. Влезот е слободен, а саемот ќе биде отворен во среда од 12 до 20 часот и во четвток од 12 до 18 часот.

mark fb

Специјален гостин на саемот е кулинарот Марк де Јонг, кој во среда од 18 часот ќе состави и презентира нова мени карта со кумановски специјалитети.

-Ова е феноменален предел кој изобилува со врвни локални продукти и специјалитети. Домашната и странската публика се навиканати на овие вкусови. Јас ќе ја заобиколам традицијата и се обидам да ги приготвам познатите јадења на најсовремен начин преку обогатување со локални зачини кои  ги имаат во изобилие, но и ќе го променам начинот на сервирање, вели Марк де Јонг.

1621700_733206260067754_6359851295201646387_n

Како финален производ на овој кулинарски зафат кој е достапен за сите посетители, Македонија ќе добие една автентична мени карта со кумановски специјалитети која ќе биде споделена со ХОРЕКА објекти (хотели, ресторани, меани)  од регионот.

Зачини - кумановско

Саемот на мали бизниси од североисточен регион е организиран од  локалните акциони групи  Абер 2015 и Особовски Лисец во партнерство со Јавна Соба и со поддршка од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top