Владата на Франција забрани продажба на алкохол во сите градови во кои се играат натпревари од Европското првенство во фудбал.
Ваквата одлука доаѓа како резултат на големите нереди и жестоки пресметки помеѓу навивачите на Англија и Русија кои се случија во изминатите три дена во Марсеј, а сите уапсени навивачи биле под дејство на алкохол.
– Побарано е да се преземат сите мерки, да се забрани продажба и транспорт алкохолот во фан-зоните, на денот на натпреварот, и пред натпреварот, после немилите настани во изминатите неколку дена. Настаните што се случија во Марсеј се неприфатливи за властите, за општеството, за љубителите на фудбалот – изјави министерот за надворешни работи, Бернар Канзев.
Поради тоа алкохолот нема да се точи во и околу стадионот до крајот на првенството, а секој кој ќе биде фатен со чаша пиво за него завршува ЕП.
УЕФА се закани дека, доколку продолжи хулиганството надвор од стадионите, репрезентациите на Англија и Русија ќе бидат исклучени од ЕВРО, затоа што нивните навивачи направија страшни инциденти во Марсеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.