Пратеничката Тања Томиќ најверојатно ќе биде еден од кандидатите за претседател на СДСМ, кој треба да биде избран на конгресот на 2 јуни. Постапката за кандидатурата на Томиќ, како што објави Бриф, ја почнале партиски структури од Куманово, како и група луѓе кои порано биле носечки тим на Социјалдемократската младина, а сега се членови на ЦО и претседатели на општински организации. Пратеничката Томиќ не сакала да го коментира ваквите сознанија на порталот Бриф.
Својата кандидатура веќе ја потврдија Кире Наумов, Зоран Заев, Игор Ивановски Шема и Зоран Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.