| четврток, 6 декември 2018 |

САД и Колумбија во четвртфиналето на Копа Америка

usa-clint-dempsey

Завршија натпреварите во група А на Копа Америка.

Американците се пласираа во четвртфиналето. Репрезентацијата на САД оствари победа на Парагвај. Голот на Клинт Демпси беше доволен за минимална победа од 1-0.

Напаѓачот на Сиетл по 27 минути игра го реши прашањето околу победникот, а благодарение на поразот на Колумбија, домаќинот го освои првото место во групата.

Колумбијците се коцкаа, на мечот настапија практично со резервен состав и изгубија од Костарика со 3-2.

Селекторот Пекерман на клупата ги остави најголемите ѕвезди, како Хамес, Баке, Куадрада, а подоцна кога ги внесе во игра, веќе беше доцна.

САД – Парагвај 1-0
Костарика – Колумбија 3-2

САД и Колумбија со по 6 освоени бодови се пласираа во четвртфиналето, а натпреварувањето тука заврши за Костарика со 4 и Парагвај со 1 освоен бод.

 

Вечер по полноќ се играат натпреварите од 3. коло во групата Б:
Еквадор – Хаити и Бразил – Перу.

Табела:
Бразил 4 бода
Перу 4
Еквадор 2
Хаити 0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top