| четврток, 6 декември 2018 |

Мирот по улиците на Марсеј не траеше долго: Денеска попладне нови инциденти (видео)

Мирот по улиците на Марсеј не траеше долго, денеска попладне повторно нови инциденти, помеѓу Русите и Англичаните, по што полицијата имаше полни раце работа, пишува порталот „Спортмакс“.

Старото пристаниште во Марсеј беше местото каде претходните два дена имаше инциденти помеѓу Русите и Англичаните, а тоа денеска, пред мечот подоцна, се прелеа и низ улиците на Марсеј.

Франс Прес пренесе дека полицијата интервенирала по новите инциденти, а како што е соопштено од гласноговорникот на француската жандармерија, ситуацијата била решена за неколку минути.

Англија и Русија ќе се состанат вечерва од 21 часот во Марсеј, во првото коло од Европското првенство во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top