| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарија со минимална победа над Албанија (видео)

albania-switzerland-3-euro2016

Репрезентацијата на Швајцарија со минимален резултат од 1-0 ја совлада Албанија во вториот натпревар од групата А на Европското првенство.

Херој во победата на Швајцарците беше голманот Зомер кој одбрани три зицери на противникот и заслужено го понесе епитетот „играч на мечот“.

Трагичари беа албанските напаѓачи Садику и Гаши, како и Швајцарецот Сеферович кој пропушти три одлични шанси.

albania-switzerland-4-euro2016

albania-switzerland-5-euro2016

Албанците натпреварот го завршија со десет играчи, откако во 36. минута Цана беше исклучен поради втор жолт картон.

Единствениот гол на мечот беше постигнат уште во 5. минута. По нафрлувањето од корнер, албанскиот голман Бериша направи лоша проценка на топката, а највисок во скокот беше Шер кој со глава прецизно биеше за 0-1.

После првото коло, Франција и Швајцарија имаат по три бода, додека Романија и Албанија се без бодови. Во следното коло, на 15 јуни ќе играат Франција-Албанија и Швајцарија-Романија.

Денес на програмата се и двата дуела од групата Б:

Велс – Словачка од 18:00ч.
Англија – Русија од 21:00ч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top