| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Тешко се излегува од криза, но сѐ уште е достижен пласманот на СП!

EHF European Men's Handball Championship 2016

По поразот од Чешка, капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров ја посочи очајната игра на нашата селекција на првиот меч од бараж-дуелот за пласман на Светското првенство. Кире верува дека Македонија има поквалитетен тим од Чесите и дека во Скопје ќе победат доволно за пласман на големиот светски собир.

„Ова се бараж средби. На СП оди подобриот од двата меча… Факт е дека одигравме слабо тука во Злин во многу сегменти од ракометната игра. Поразот боли, но ќе направиме се да се консолидираме и да се пласираме на СП, колку и да изгледа тоа тешко во моментов. За нас е важен мечот во Скопје. Можеме да ја победиме Чешка и на крајот ние да бидеме тие кои ќе се радуваат. Нема алиби за овој пораз, мораше да одиграме подобро. Факт е и дека сме во криза и тешко е да се излезе од неа, но сигурно ќе дадеме се од себе во Скопје и да продолжиме со настапите на големите ракометни собири“, изјави Лазаров по денешниот натпревар во Чешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top