| четврток, 6 декември 2018 |

Химната за сите соло девојки на Тијана Дапчевиќ(видео)

Одата на секси, самосвесни и храбри жени кои се независни од мажите, пејачката Тијана Дапчевиќ неодамна ја екранизираше.

Видео материјалот за нумерата која носи назив „Жени“ снимен е во Македонија а во него доминираат кадри во кои Тијана ја истакнува својата завидна фигура.

-Стиховите „Секој сака да допре туѓо“, секако се дел од нашето секојдневие, а во ерата во која убавите жени никако не можат да најдат партнер, мислам дека „Жени“ е полн погодок – вели Тијана која последниве два месеца престојува во Скопје, каде освен снимање на спотот, сними и серија, за да потоа со сопруогт Милан и синот Вук се упати на одмор на Канарските осторви.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top