Европското првенство во Франција, кое почнува денеска, сѐ повеќе привлекува навивачи, туристи, симпатизери од целиот свет.
Неверојатен податок доаѓа од земјата-домаќин поврзан со граѓаните на Исланд. Нивната репрезентација првпат во историјата ќе учествува на завршницата на едно големо натпреварување, и тоа предизивикува вистинска преселба барем во следните неколку дена на дури осум проценти од вкупното население на државата.
Дури 26.985 граѓани од Исланд аплицирале за билети за нивната репрезентацијата што е околку 8,15 проценти од целата популација. Тоа значи дека секој 12. граѓанин на оваа мала островска држава ќе патува во Франција за да ги следи натпреварите на својата репрезентација.
Французите ги тријат рацете бидејќи само од исландските туристи се очекува да заработат повеќе од 40 милиони евра, знаејќи ја платежната моќ на исландскиот народ.
Исланд се најде во групата Ф заедно со репрезентаците на Португалија, Унгарија и на Австрија.
Првиот натпревар го игра во вторник токму против фаворитот во групата Португалија од 21 часот во Сент-Етјен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.