| четврток, 6 декември 2018 |

Уругвај не успеа, елиминран од Копа Америка уште во групната фаза (видео)

urugvaj

Се случи и првата сензација на Копа Америка. Најтрофејната репрезентација е елиминирана уште во групната фаза. Селекцијата на Ургвај пред почетокот на американското натпреварување беше една од главните за освојување на трофејот, но по синоќешниот минимален пораз од Венецуела со 0-1, Суарез и другарите ќе треба да ги спакуваат куферите.

По поразот од Мексико во првото коло и вториот од Венецуела Уругвајците веќе немаат никакви шанси за пласман во четвртфиналето.

По првите две кола, Венецуела и Мексико се на врвот со по шест бода, а Уругвај и Јамајка се уште немаат бод. Да биде разочарувањето поголемо, Уругвај е најтрофејна репрезентација на Копа Америка, а последен пат триумфираше во 2011 година.

Единствениот гол ноќеска го постигна Рондон во 36. минута, по една грешка на голманот Муслера кој беше премногу излезен. За 90 минути, Уругвај упати само еден удар во рамките на голот што е премалку за репрезентација од таков калибар. Повторно во тимот не се најде Луис Суарез кој уште не е заздравен од повредата.

Во вториот меч од ноќешната програма, Мексико ја совлада Јамајка со 2-0 со головите на Чичарито и Пералта и против Венецуела во последното коло ќе се бори за првото место во групата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top