Грег Смит поголем дел од основното училиште го завршил за една година. До 7 години се шетал низ ходниците на средното училиште, а на 10 се запишал на колеџ и студирал физика и француски јазик.
Денес Смит има 26 години. Во емисијата “Опра: Каде си сега?”, раскажал колку му било чудно да оди на колеџ на таа возраст.
Иако останатите студенти биле речиси двојно постари, Смит вели дека не бил отфрлен.
-Имав многу пријатели на колеџ и се дружев со многу луѓе во својата програма, вели тој.
-Имав многу пријатели и на моја возраст, што мислам дека е многу важно. Мислам, сигурно бевме на различни нивоа, но сакавме исти работи како што е спорт, излегување и забава.
Познат како „дете гениј”, Смит предизвикувал медиумско внимание кон крајот на 90-тите.
-Луѓето секаде ме препознаваа, вели тој.
Кога неговото интервју во „Опра шоу” било емитувано, Смит вели дека сите мислеле дека серверите во неговото училиште ќе паднат бидејќи неговата e-mail адреса била полна со мејлови за таа епизода. –
-Тие едноставно не можеа да го поднесат константното бомбардирање на луѓето кои беа заинтересирани за мојата приказна, вели тој. И тоа беше неверојатно, тоа ласка, беше неверојатно да се биде дел од тоа.
Тој бил номиниран за Нобелова награда за мир пет пати поради својата добротворна работа во кампањите за правата и безбедноста на децата.
Кога станува збор за кариерата. Смит е сега на постдокторски студии, студира стохастички гени. Едноставно кажано, тој вели дека неговата цел е „да прави подобри лекови”.
Па, дали во твое време ќе го лечиме ракот?, прашала Опра.
Тешко е да се одговори на тоа прашање. Мислам дека е можно во мојот живот да бидеме во состојба да развиеме ефикасни терапии за некои видови на рак, одговорил Смит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)