| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска почнува „Баскерфест“

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Советот, Ирена Мишева, и организаторите на „Баскерфест“ ги највија содржините на годинашново издание на уличниот фестивал кој од 10 до 19 јуни ќе се одржува во Скопје.

– Ги повикувам граѓаните на Скопје да дојдат на плоштад „Македонија“ и 10 дена да уживаат во настапите на искусните жонглери, акробати, танчери, магионичари, кловнови, илузионисти и музичари што се дел о фестивалот „Баскерфест 2016“. Уличниот театар под отворено небо веќе 11 години носи позитивни вибрации во нашиот град со настапите на атрактивни баскер изведувачи од целиот свет. Од утре /10 јуни, петок/ па се до 19 јуни, во Скопје на Плоштад Македонија, посетителите секојдневно од 19 часот, па се до доцните вечерни часови ќе имаат можност да се забавуваат и дружат заедно со над 100 артисти од целиот свет: Мексико, Бразил, Јапонија, Америка, Нов Зеланд, Шпанија и други држави, рече Трајановски.

Програмата ќе се одвива на три бини, а во вечерните часови на истото место планирани се настапи на повеќе музички групи и пивска градина. Фестивалот во Скопје е под покровителство на Град Скопје и го поддржуваме со 900.000 денари.

-Сакам да ја искористам оваа можност и да им се заблагодарам на организаторите на Баскерфест, на овој врвен уличен фестивал, за придонесот кој го даваат за да го збогатат забавниот живот на граѓаните на Скопје, а исто така и да се заблагодарам на претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и на советниците кои ни даваат подршка да реализираме вакви проекти – истакна градоначалникот Трајановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top