Бојкотирање на наставата, а и можност за штрајк најави советот на родители при училиштето 11 октомври во Центар, доколку не биде повлечена одлуката за трансфер на две наставнички во друго училиште.
Ваква одлука, вчера, едногласно беше донесена на состанок на советот на родители, бидејќи, како што велат, со овој трансфер, ќе се укине целодневната настава во училиштето 11 октомври.
Од Советот на родители, вчера, не информираа дека во ова училиште, родителите ги запишуваат и децата од другите општини бидејќи постои можност за целодневна настава, но разните превирања во историјатот на училиштето, откако Андреј Жерновски е градоначалник на општина Центар, заедно со последната одлука да се префрлат две наставнички во друго училиште, претставуваат закана, целодневната настава целосно да се укине.
Инаку ова училиште веќе подолго време го тресат скандали, поради несоработката меѓу општинскиот градоначалник и Министерството за образование. Незаконски смени на директори, бојкотирање на настава, застарен инвентар и нехигиена и еден случај на 40 деца со симптоми на труење, се само дел од хаосот кој се случува во ова училиште во Општина Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)