По повод Меѓународниот ден на јогата, Индиската Амбасада од Софија, во соработка со македонските јога друштва и школи, Ве покануваат на целодневен јога хепенинг, кој ќе се одржи во НЕДЕЛА, 19.06.2016 година. Настанот започнува во 09.30 часот со обраќање на Н.С.Амбасадорот на Бугарија и Македонија Раџеш Кумар Сачдева. Место на одржување е во City Hall Center, /веднаш до МКЦ/ Кеј Димитар Влахов бб, Скопје.
Во текот на целиот ден, секое јога друштво на свој начин, ќе ја доближи и претстави јогата од свој агол како здрав начин на живот, и тоа преку: теорија, јога вежби (асани), техники на дишење, медитација и релаксација.
Не ја пропуштајте оваа целодневна можност да бидете во контакт со себе и древните знаења за јогата. Дојдете, повикајте пријател и учествувајте на целодневен јога настан посветен на Меѓународниот ден на јогата!
ПРОГРАМА
09.30-10.00 – Обраќање на Н.С.Амбасадорот на Бугарија и Македонија Раџеш Кумар Сачдева.
10.00-10.45 – “Јога протокол” – Art of living Yoga, Магдалена Манева,
11.00-11.45 – “Art & music yoga for kids” – Happy Yoga, Соња Малиновска
12.00 -12.45 –Заеднички појадок за учесниците – Биокосмос
13.00- 13.45 –“ Здивот како извор на енергија”- Healthy Yoga, Билјана Пешева
14.00-14.45 –”Енергетско тело”- Јога Клуб Тара– Лидија Котевска
15.00-15.45- “Креирање на лична садана“,” – Центар за интегрална јога Дарма, Даница Ивановска Лепојевиќ и Љупка Ропевска
16.00-16.45 –“Релаксација” Yogalchemy – Николчо Петров
17.00-17.45- “Јогата и љубовта” – Јога центар Тафталиџе, Скопје, Кети Едровска и Билјана Павлова
18.00-18.45 –“Медитација” Владимир Ѓеоргиев, Jога забавиште “Владимир Ѓеоргиев.”
Повеќе информации можете да добиете кај: Сара Сековска 071/366.611 email: sarasekovska@gmail.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.