Самвел Карапетијан, бизнисмен со руско и ерменско потекло, изминатиов викенд го ожени синот, Саргис (23). Податокот дека е еден од 50-те најбогати луѓе според „Форбс“ (поточно, се наоѓа на 26-тото место), доволно говори за тоа дека за свадбената прослава не се штедело воопшто.

Ресторанот „Сафиса“ во Русија е местото каде што Саргис и неговата изабраничка, Саломе Кинтсурашвили (25) од Грузија, ја прославија својата љубов. Невестата смени три венчаници. Едната е креација на Ели Сааб, целата покриена со кристали. Саломе со овој фустан носеше и круна вредна 200 илјади долари од брендот Tiffany&Co.

Втората венчаница е креација на Александра Рич, каде доминира тантелата, додека третата е традиционален бел фустан, во кој Саломе го изведе традиционалниот ерменски танц.

Дека Самвел се потрудил да ги исполни сите желби на младенците говори и фактот дека, покрај руски и ерменски музички ѕвезди, гостите ги забавуваше и светски познатата група „Мaroon 5“.

Според шпекулациите на руските медиуми, тоа задоволство чинело помеѓу 500.000 и 800.000 илјади долари. Во продолжение се коментира дека овој износ е поевтин, бидејќи групата веќе се наоѓала во Москва, и не морале да се плаќаат трошоците за пат и сместување.


Тортата пак е посебно уметничко дело, високо дури шест метри.


Цветните аранжмани и ѕидот за фотографирање чинеле повеќе од милион долари, а на тоа можат да им позавидат и Канје и Ким, кои имаа сличен таков на нивната свадба.

На оваа веселба, која се проценува дека чини преку 3 милиони евра, присуствуваа околу 500 гости.







Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


