| четврток, 6 декември 2018 |

Рудари од пеколот: Ги убивале колегите за да земат отштета

Кинеското обвинителство покрена постапки против 74 лица за убиство и други кривични дела, под сомнение дека тие намерно усмртиле 17 луѓе, и направиле сето тоа да изгледа како рударска несреќа за потоа да бараат паричен надомест од сопствениците на повеќе рудници, пренесува Блиц.

Рударските несреќи се чести во Кина поради непочитување на безбедносните правила и прописи. Сопствениците обично сакаат брзо решавање на ситуациите околу отштетата, за да се избегнат истрагите од државните органи, испитувањата и така натаму.

Обвинителството во градот Бајанур, во кинеската провинција Внатрешна Монголија денеска соопшти дека обвинетите се товарат за убиство на 17 лица во шест провинции и региони.

Во извештајот се вели и дека, покрај за убиствата, покренати се и обвиненија за измама, изнудување, проневера и прикривање на злосторствата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top