Шарените демонстранти, кои речиси два месеци го парализираа градот во попладневните часови, го менуваат времето на променадата. Наместо од 18 часот како досега, теророт ќе го вршат во сообраќајниот шпиц во Скопје, напладне. Новата тактика е резултат на се помалата излезност и поддршката од граѓаните која изостанува по двомесечното изживување. Немањето капацитет сега се обидуваат да го камуфлираат со правење метеж и нервоза во текот на денот.
Шарена револуција и Протестирам најавија блокади на 3 крстосници во центарот на градот и тоа кај Судска палата, кај Црвениот крст и кај Соборниот храм, со почеток од 12 часот.
За денеска најави завршен пртест и судската администрација, пред Министерството за правда, па освен крстосниците, ќе биде блокорана и улицата „Димитрие Чуповски“, во строгиот центар на градот.
Во понеделникот движењата Шарена револуција и Протестирам побараа до 18 јуни да се исполнат двете клучни барања – Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО и да запре прогонот врз демонстрантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.