| четврток, 6 декември 2018 |

Обама ја поздрави Клинтон за добиеното мнозинство од делегати

obama

Американскиот претседател Барак Обама ја поздрави Хилари Клинтон, бидејќи го доби неопходното мнозинство од делегати, кое и ја обезбеди претседателската номинација за американските демократи, јавија американските медиуми, повикувајќи се на соопштението од Белата куќа.

-Претседателот Обама ги поздрави и двајцата кандидати кои ја водеа предизборната кампања, кои ги инспирираа луѓето, кои предизвикаа ентузијазам кај демократите и го поттикнаа новото поколение Американци да се вклучи во политички процес, кој дава можност да бидат претставени важни предлози за американската економија и политика, кои се од големо значење за сите, а не само за оне кои располагаат со богатството и власта- изјави Џош Ернест, претставник од Белата куќа, по повод предизборната кампања на Хилари Клинтон.

Хилари Клинтон веќе се прогласи за победата по долгата битка на прелиминарните избори на американските демократи. Се очекува подоцна денеска Барни Сандерс да даде изјава во Калифорнија каде продолжува пребројувањето на гласовите од првичните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top