Публиката што ги следеше проекциите на годинешното издание на „Скопски филмски фестивал“ со своите гласови го избра филмот „Лов“ на данскиот режисер Томас Винтерберг за најдобар. Од програмата „Eye on films“ за најдобар е избран филмот „Куќа со кула“ во режија на Ева Нејман.
Фестивалот го затвори рускиот филм на режисерот Кирил Сребреников во кој главната улога ја има актерот Дејан Лилиќ.
Во текот на изминатите девет фестивалски дена, „Скопски филмски фестивал“ имаше повеќе од 10 илјади посетители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.